Започнуваат „Струшките вечери на поезијата“
Вечерва започнува најпрестижната меѓународна поетска манифестација во Македонија, „Струшките вечери на поезијата“.
Со традиционално читање на песната Т`га за југ, со концерт на маестро Симон Трпчевски и со меѓународното поетско читање на „Поетски мередијани“, вечерва свечено се отвораат 48те Струшки вечери на поезијата. „Изразувам јавна благодарност до поетот Томаж Шаламун, кој ја прими овогодинешната награда на СВП“, рече поеот Славе Ѓорго Димовски.„ Ова е најважната награда за мене“, изјави Шаламун.„ Стружани секогаш знаеле да направат правилна селекција на вистински поети со висок потенцијал, кои ќе се претстават на оваа престижна манифестација и кои ќе ја заслужат наградата „Златен венец“, констатира Саламун.
„Ние, членовите на организацијата на СВП, оваа година сакавме да направиме нешто посебно, нешто што во изминатите години не беше случај. Одлучивме, секоја година да претставуваме по една европска и светска издавачка куќа, која СВП ќе ги чувствува како свои. Оваа година изборот падна на издавачката куќа „Поинт“, рече Данило Коцевски, дир. на СВП.
На овогодинешното издание на СВП ќе се претстават 75 странски поети, од 50 земји од сите континенти. Покрај традиционалните содржини, како „Меридијани“, претставување на добитниците на наградата „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци“ и др. ќе биде одржана изложба на керамика на македонски и словенечки автори во чест на годинешниот лауреат, а ќе биде одбележана и стогодишнината од раѓањето на поетот Никола Јонков Вапцаров.