Skip to main content

Засилени инспекциски контроли по струшките училишта

Причина, можната појава на свински грип. Надлежните велат дека вакви контроли се пожелни, но реагираат зошто посетата не била ненајавена.

 |  Колоска Биљана  | 
lavabo
лавабо

Причина, можната појава на свински грип. Надлежните велат дека вакви контроли се пожелни, но реагираат зошто посетата не била ненајавена.  

deteВо Струшките училишта започнаа засилени контроли за заштита од евентуална појва на свински грип. Надлежните од Одделението за образование при општина Струга, ја оправдуваат оваа иницијатива, но се со забелешка до надлежните. Џејми Хајредини раководител на овој сектор упати критика до инспекторите кои правеле увид во училиштата бидејќи за тоа не ги известиле ним.  „Требаа да не известат за контролата во училиштата, бидејќи ние би можеле да излеземе во пресрет ако за тоа има потреба. Пред се, од нас како основачи,  мораа да побараат дозвола за посета на било кое училише“-вели Џејми Хајредини, раководител на Одделението за образовани.За направената контрола по училиштето не биле известени ниту директорите, потврди првиот човек на основното училиште „Јосип Броз Тито“. Вработените ме известија дека инспекторите извршиле контрола по училниците и тоалетите. Констатираа дека ние имаме соодветни услови за одржување настава како и високо ниво на хигиена, вели директорката. „Пред почетокот на учебната година ние извршивме варосување на секоја училница и тоалетите. Значи училиштето е  дезинфицирано, сега максимално се трудиме на високо ниво да ја одржуваме хигиената“-вели Ана Столеска, директот  на ОУ„Јосип Броз Тито“ во Струга. Во училиштата се обезбедени течни сапуни, се трудиме хигиената да биде на високо ниво, но факт е дека скоро секое училиште има проблем со санитарните јазли, вели директорот на ОУ „Браќа Миладиновци“, Агни Неџити. Воглавно, струшките училишта подготвени се за евентуална појава на свински грип. Нема место за паника, иако образовните институции немаат совршени услови за работа, сепак тоа незначи дека учениците се изложени на ризик, вели раководителот на одделението за образование, Хајредини.



{loadposition content9}