Затуроска: поддржете ја опцијата кој ви нуди дела проекти и прогрес
Владимир Кочоски заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“, ќе започни од Лабуништа, ќе гради во Радожда и во Боровец , во Октиси и Враништа, нема да го заборави Радолишта, треба многу работи да заврши и во Јабланица и Подгорци, истакна Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ.
Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, ги пофали своите сограѓани дека на 24 март ја избрале вистинската страна и покажале дека кога се работи за нивната иднина, кога се работи за економски развој на нивниот град ја одбрале правата страна, вистинската опција, која нуди дела, проекти и прогрес.
„Во ликот на докторот Кочоски пронајдоа човек кој од Струга после мртвиот период од 8 години ке направи најголемо градилиште во Македонија бидејки во Струга ништо не се изградило во изминативе години освен илјадниците диво поставени т.н урбани опреми или времени објекти кои го нагрдија и унакажаа ликот на нашиот град. Ви честитам на вашата одлука, давајки го вашиот глас во првиот круг за др. Владимир Кочовски бидејки со тоа ВИЕ испративте многу јасна порака до неговиот против кандидат, Г-динот Зијадин Села, дека вие стужаните не сте предмет за мајтапење, дека вие не сте алатка за поткусурување а уште помалку за омаловажување и затоа ве охрабрувам во уште поголем број на 7-ми април да го изберете Владимир Кочоски, човекот кој после четири години ке ви врати со инфраструктурни проекти, ке ви врати со инвестиции во образованието, со грижа за пензионерите и младите“– изјави Затуроска.
Затуроска исто така посочи дека зад г – динот Кочовски стои Владата на Р. Македонија, стојат луѓе кои рерализираа успешно илјадници проекти ширум Македонија. Додаде дека спасот на стружани да излезат од досегашната агонија на безидејност од страна на актуелниот градоначалник е само уште помасовно и побројно да излезат и да му ја дадат поддршката на Др Владимир Кочовски.
„Почитувани граѓани морам да истакнам дека Зијадин Села како против кандидат на Владо Кочоски во вториот круг за градоначалник на Струга понуди само една работа. Ја понуди старата финта на голема Албанија, не помислувајки при тоа дека стружани веке одамна живеат во 21 век и нивните стремежи и цели се малку повисоки од оние на Села,дека тие сакаат да живеат во Европа без границци, затоа им порачувам на граганите на Струга да не потпаѓаат и да неверуваат на празните зборови на Зијадин Села. Почитувани граѓани ова е време на одлука, за која нашите деца ке кажат дека правилно сме постапиле, дека сме им ја загарантирале успешната европска иднина, во спротивно ке бидеме осудени дека наместо за подобро европско утре сме гласале за калашникови и нечии болни сништа“– рече Затуроска.
Затуроска упати порака посебно до жителите на Лабуништа струшко, дека заедничкиот кандидат д-р Владимир Кочоски е човекот кој ја има заслужено довербата кај нив бидејќи голем акцент во својата програма посветил точно за ова струшко село кое години наназад е заборавено од локалната и централната власт.
„Јас искрено жалам ако граѓаните на Лабуништа во изминатиов период не сатиле дека овие на кои го дадоа гласот на 24 март буквално во изминатите 8 години не подмрднаа во Лабуништа, значи ние ветуваме и остваруваме“.
Затуроска за крај порача, сите граѓани да го дадат гласот за г- динот Влалдо Кочовски и да се вклучат во големото семејство на победниците за подобро утре и за подобар живот во Струга.
{loadposition content9}