Завршува партнерскиот проект на ЈПР за енергетска ефикасност
Утре во хотелот Инекс Дрим во Струга, со почеток во 10:30 минути, ќе се одржи завршната конференција на проектот “Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион”, во чии рамки се спроведоа поголем број активности во Југозападниот плански регион.

На настанот за активностите и резултатите од проектот ќе зборува тим лидерот, Јасминка Димитрова Капац од здружението МАЦЕФ од Скопје. Центарот за развој на Југозападниот плански регион беше партнер во овој проект, инаку финансиран од ЕУ во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
{loadposition content9}