Skip to main content

Заврши изградбата на каптажите за водоводот во с.Ботун

Денес градоначалникот Трајкоски на лице место каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението.

 |  Голабовски Крсте  | 
kaptaza
каптажа

Денес градоначалникот Трајкоски на лице место каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението.

kaptazaСо оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во с.Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средорече и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење.

 Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во с.Ботун која е стара повеќе од 30 години и често во изминативе години доаѓаше до дефекти и прекини во водоснабдувањето. Целата инвестиција е во вредност од околу 4.500.000.00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебарца.

{loadposition content9}