Заврши летната школа за млади уметници
Заврши првата летната школа за млади, идни уметнички надежи на Вевчанската колонија. Дваесетина деца од Југозападниот регион во земјава изминативе десетина дена ги откриваа тајните на сликарската уметност.
Часовите по ликовна уметност се одржуваа во живописната природа на прекрасното Вевчани, издигнато на Јабланица, во рамките ма Меѓународната ликовна колонија Вевчански видувања, под раководство на професорката Лара Ташковска.
Ташковска вели открила многу млади таленти кои лесно ги совладале техниките и основите на уметноста.
Многу таленти има и многу сум изненадена дека видов многу деца кои се осветени на ликовната уметност, кои сакаат да цртаа и сликаат и дека својот израз го наоѓаат токму реку оваа уметност. Со децата работевме овеќе техники, очнавме со молив, со сенчање со цртање, понатаму продолживме со работа со сув пастел, водени бои и на крај завршивме со акрил за завршната изложба каде што спремаме платна кои се работени со акрилна техника – вели Ташковска.
Децата задоволни, велат научиле многу и сакаат да бидат уметници.
Со делата на младите уметници ќе биде организирана изложба во центарот на Вевчани.
Дел од нив цртаа на хатија, дел на платна. Сите тие резултати од дечињата потоа ќе бидат изложени. На крајот на јули ќе биде отворањето на изложбата на детската ликовна школа ќе трае до 19 август а ќе биде поставена во просториите на мултимедијалниот центар „Коста Србакоски“ во центарот на Вевчани – вели Ефимија Угриноска организатор на „Вевчански Видувања“.
Вевчани е неисцрпна инспирација за врвните светски сликари. Дваесеттина уметници од Балканските и Европските земји и годинава, по единаесетипат, творат на Меѓународната уметничка колонија “Вевчански видувања“.
Природните убавини во тивката живописна природа се основниот мотив за врвните ликовни мајстори од различни генерации, култури и сликарски школи. Тие се инспирираат од Вевчанските извори, традиционални куќи, автентичните порти и прозори, вевчанските сокаци. Уметничките дела родени во падините на Јабланица ќе бидат сместени во каталог, ќе се организираат и изложби низ земјава и странство.
На оваа реномирана културно-уметничка манфестација изминативе 11 години учествувале над 150 еминентни ликовни уметници од државата и од странство.
Новинар : Соња Рилковска