Заврши судењето на градоначалникот на Струга за назначувањето директори на училишта

Во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот предмет против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Двајцата обвинители побараа Мерко да биде прогласен за виновен бидејќи и вербалните и материјалните докази , но и исказите докажале дека тој свесно ги повредил законските прописи, а нанел и финансиска штета.

-Градоначалникот постапил спротивно на законот за основни училиште Дали ако нема соудителна пресуда ке ја обжалите, Да за тоа нема двоумење, вели Џемал Лога обвинител.
Одбраната во завршниот збор побара ослободителна пресуда со образложение дека нема докази за „Несовесно работење во службата”.
– Фактот што во текот на постапката не се презентирани докази, обвинението го чини покрај неправилно и нецелосно. Не е изведен ниту еден доказ кој утврдува кој субјект е оштетен во случајов., рече адвокатот Игор Петкоски.

Во завршна фаза се уште два судски процеси за незаконско поставување на директори во основното училиште „Браќа Миладиновци” во Струга и училиштето во Велешта.
-Сите ни се во завршна фаза во она за Велешта треба да сослушаме еден сведок од обвинети. Во Браќа Миладиновци само технички советник е обвинет значи дека постојат сулови на едно рочиште како што се закажани во јули и да се завршат, вели Јордан Јованов судија.
Против струшкиот градоначалник се водат повеќе судски процеси, првиот за набавката на луксузното ауди заврши со ослободителна пресуда.
Новинар Соња Рилковска