
Зеленото Вевчани и годинава неисцрпна инспирација за светските ументици. Од викендов започнува 14 та Мегународна ликовна колонија Вевчански видувања.
Се е подготвено за „Вевчански видувања 2025″ – културниот настан со меѓународна препознатливост што ги обединува уметноста, пријателството и солидарноста – 14-тата Меѓународна ликовна колонија
Вевчани годинава ќе биде домаќин на 22 уметници од Македонија, Србија, Словенија, Грција, Велика Британија, САД и Франција.
Свеченото отворање е на 21 ви јуни со концерт на „Нокаут” и „Брејк”, а вечерта ќе биде збогатена и со аукција и добротворна акција за поддршка на погодените од пожарот во Кочани.
Зеленото Вевчани е неисцрпна инспирација за светските ументици. Во рамки на колонијата, и годинава ќе се реализира детската школа за млади таленти.
Во рамки на колонијата, ќе се реализира и посебен проект за млади таленти во соработка со Шпаркасе банка, како дел од нивната платформа „Шпаркасе Лајф“, која преку уметноста ги поврзува образованието, солидарноста и општествената одговорност.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам и се одржува под мотото: „Уметност. Солидарност. Заедништво.“
Во изминатите 14 години, „Вевчански видувања” прерасна во најеминентната ликовна колонија во државата, а и пошироко во регионот. Низ неа белег оставиле повеќе од 200 афирмирани сликари од сите светски меридијани.
Делата создадени под падините на Јабланица го обиколија светот, биле изложени на бројни континенти – од европските културни центри како Софија, Белград и Подгорица до далечни изложбени простори во САД-Њујорк , Франција-Париз и Русија-Москва , претставувајќи ја уметноста како универзален јазик на поврзување на луѓето и народите.
Новинар Соња Рилковска