Жената, доминантен фактор
Правата на жените на завидно ниво во вевчанските институции. За тоа се залага комисијата за родова еднаквост, преку соработка со локалната самоуправа и други институции.
Правата на жените на завидно ниво во вевчанските институции. За тоа се залага комисијата за родова еднаквост, преку соработка со локалната самоуправа и други институции.
Во образованието, здравството и други институции во Вевчани, жената е доминантен фактор. Подигнување на свеста и улогата на жената во општеството е главна цел на комисијата за родова еднаквост. Од неодамна во општина Вевчани назначен е нов претседател на оваа комисија, Елена Ангеличиноска. Таа за ТВМ потенцираше дека „досега на полето на унапредувањето на жената во општеството и нејзините права направено е многу, посебно во Вевчани. Правата на жените во руралните средини се разликуваат од оние во урбаните“. Таа додава дека во Вевчани не е толку изразена таа разлика бидејќи се работи за напредна општина, а тоа се должи на составот на комисијата за родова еднаквост.
Комисијата за родова еднаквост е формирана со цел спроведувањето на законот за еднакви можности на мажите и жените. Тоа најнапред почнува со информирање на граѓаните за самиот закон кој подразбира спречување на дискриминација на жената во сите области на социјалниот живот. Жените се повеќе се обраќаат до комисијата со идеи отколку со пријава на асоцијални појави, вели Ангеличиноска.
Претседателката на комисијата за родова еднаквост потенцираше дека имаат одлична соработката со Локалната самоуправа на Вевчани. Нивните активности согласно препораките на Министерството за труд и социјална политика ќе започнат набрзо. Првенствено ќе се спроведе јавна анкета меѓу граѓаните, за да се види какво е нивното согледување дали жените се рамноправни со мажите или не.
{loadposition content9}