„Жената-најфина творба на природата“
Жената е столб на животот и фамилијата. Годинава од Струга започна вториот циклус на Интернационалниот карван насловен како „Сета таа убавина“. Тема на изложбата е „Жената – најфината творба на природата“.
Жената е најдобра инспирација за уметноста. Во Струга деновиве отпочна вториот циклус на Интернационалниот ликовен карван „Сета таа убавина. После првиот, насловен како „Сета таа музика“, Тихомир Кондев познатиот колекционер на современата македонска ликовна уметност, не запира. Тој вели дека карванот му го продолжува животот и точно поради тоа не се откажува од патувањата со уметничките дела. Годинава во Центарот на културата „Браќа Миладинови“, во изложбениот салон се најдоа скулптури, слики, графики на тема „Жената-најфина творба на природата“. Кондев вели дека насловот на темата не случајно е избран така. Додава дека произлегува од неговите размислувања, дека жената е најубавото нешто во природата.
Во изложбениот салон беа и дел на уметниците од Србија. Јелена Митровиќ во врска темата на годинешната изложба на Интернационалниот ликовен карван рече дека таа е повеќе машка, но бидејќи е наметната, нема бегање.
„Бидејќи Оља Иваницки беше голем београдски и светски сликар, јас како тема ја одбрав неа и сликата се вика „Траг во бескрајот“, бидејќи таа е вселена и што ќе биде и што би било кога би било. Тоа е тоа, мене посебно не ме испирира жената но темата беше таква, бидејќи таа е голем сликар па на тоа се надоврзав, рече Митровиќ.
Спротивно на неа, темата жена сосема се совпаднала со она што во моментов го работи уметникот Лилјана Илиќ Радовановиќ. Таа рече дека нејзините уметнички дела посебно на оваа тема изгледаат како да се живи.
„Како што веќе кажав, оваа година темата жена се софпадна со темата, јас моментално работам на циклус врзан за Скадарлија. Ако можам да кажам ова е лик кој јас моментално го експлоатирам незнам колку ќе ја препознаат, многу ја познаваат како Салвета, тоа е глумицата Лилјана Јакшиќ и таа настапува и работи во Скадарлија секоја вечер, таа ги менува фустаните со шешитите и така да во стварност тоа јас го работам и тоа во моментов претставува една спона меѓу Струга, Београд, Скадарлија“, изјави Радовановиќ.
Снежана Бекриќ Лазаревиќ, по трет пат учествува на интернационалниот ликовен карван што го организира Кондев. Таа вели дека со големо задоволство учествува на колонијата посебно што се совпаѓа со големата светска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.
„Тоа е прилика да ние видиме една друга атмосфера, едно запознавање на нови сликари и луѓе, исто така и прилика да ги запознаеш и другите луѓе кои инаку не можеш да ги запознаеш. Така да сите сме задоволни и воодушевени.
Организаторот Тихомир Кондев вели дека годинава се посебно задоволни од изложбата. Тој ја најави темата и за следната година – „Најубавите мои соништа. Кондев рече дека секоја година изложбата е обележана со своја тема и дека за наредните 10 години веке биле фиксирани 8 теми. Првиот циклус на Интернационалниот ликовен карван траеше седум години а вториот ќе биде 10.
{loadposition content9}