Skip to main content

Жената знае како со парите

Клучот на буџетските средства треба да е во рацете на жената. Ваква е пораката на Лилјана Попоска пратеничката на ДОМ. Ова дел од нејзиниот заклучок од студиската посета во Виена, каде работеле на принципот за родово сензитивно буџетирање.

 |  Билјана Николовска  | 
rodova ednakvost
редова еднаквост
konferencija rodova ednakvostКлучот на буџетските средства треба да е во рацете на жената. Ваква е пораката на Лилјана Попоска пратеничката на ДОМ. Ова дел од нејзиниот заклучок од студиската посета во Виена, каде работеле на принципот за родово сензитивно буџетирање.

Буџет по мерка на Европа. Во Струга се одржа регионална конференција на тема- Родова еднаквост – надлежности, дискурси и активизам. Претставниците на сите инволвирани страни во државната системска мрежа за родова еднаквост, задоволни од досегашната активност и работа на Комисиите за еднакви можности од општините на југозападниот регион. Организатор на конференцијата е пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ Лилјана Затуроска од Струга, која што изјави дека идејата за одржување на овој состанок пред се е од неодамнешната јавна дебата која била одржана во Собранието на РМ од страна на Комисијата за еднакви можности. Затуроска вели дека промоцијата на родовата еднаквост е она што недостига во досегашните дебати на оваа тема.
Пратеничката на ДОМ,  Лилјана Попоска пренесе дел од искуствата стекнати на оваа тема во Австрија. Имено неодамна 13 претставници на Р. Македонија оствариле студиски престој во Виена, каде научиле за тамошниот начинот на 6 годишното спроведување на Законот за родово сензитивно буџетирање.
Граѓаните на Р Македонија родовата рамноправност веќе ја препознаваат како дел од човековите права. Државниот советник при Министерството за труд и социјала, Елена Грозданова вели дека направени се многу напори за промоција на концептот за родова еднаквост, преку семинари состаноци и конференции, но постојат места каде што сеуште треба да се делува.
Сретствата од буџетот на државата наменети за родова еднаквост рамномерно се распоредуваат за сите локални комисии. Важно што треба да се напомене е тоа што координаторите и комисиите за родова еднаквост треба да ги утврдат потребните специфики за одредена општина, да предложат конкретен проект и очекувани резултати, со цел да се придобијат што поголеми грантови потенцира Грозданова од Министерството за труд и социјала.

{loadposition content9}