Жените од Струга и Поградец добри претприемачи
Струга и Поградец на почеток на добра соработка. Нив ги поврза претприемништвото, преку проектот кој во моментов се спроведува „Промоција на женско претприемништво во пограничниот регион Поградец – Струга“.
pretpriemaci
Жените од Струга и Поградец подготвени за соработка во претприемништвото. 17 жени претприемачи од Струга го почуствуваа бизнис пулсот на Поградец, а денес пак, беше остварена возвратна посета. Глигор Михајловски од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), истакна дека целта на пограничниот проект за соработка, е да се презентираат досегашните резултати од спроведување на проектот, негова промоција, како и можноста да се зголеми трговската соработка меѓу жените претприемачи.
Импресиите на првиот човек од Партнерство Албанија Ариола Голи, во поглед на организација за прием на жените албанки претприемачи, се солидни. Таа рече оти увиделе дека студиските посети се многу корисни, бидејќи веќе се остварувале контакти помеѓу жените од двата погранични града.
Се вклучивме како партнери на МРФП, со цел заедно да работиме на проектот „Промоција на женско претприемништво во пограничниот регион Поградец – Струга“, вели Владислав Жупан од ЛЕР, Струга. Тој додава дека интересено било, што уште на почетокот на истражувањето се утврдиле аномалии во целата поставеност на женскиот бизнис во Струга. Една од најевидентните е тоа дека и покрај ентузијазмот, одговорноста, посветеноста на своите бизниси, малку од нив имале контакт со другата страна од границата, всушност 80% не биле во Поградец, вели Жупан.
Жените претприемачи од пограничниот регион Струга-Поградец, веќе имаат идентификувано полиња за можна соработка. Тоа е во областа на туризмот, угостителските услуги, производство на камини, градежништво, а од МРФП очекуваат оваа соработка да ги опфати и другите сфери на бизнисот само преку добра и сигурна соработка.
{loadposition content9}