Жените од Поградец ги пречека бизнисменките од Струга
Партнерс Албанија во Поградец, ги пречека бизнисменките од Струга. Деновиве таму се одржа завршна работилница на проектот Промоција на женско претприемништво во пограничен регион. Целта да се презентира промотивна брошура со податоци за проектот и жените претприемачки кои учествуваат во него е исполнета. Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација, рече дека сеуште постојат работи кои недостасуваат за да успеат овие семејни бизниси, но дека во иднина треба посебна поддршка од Локалните самоуправи на двата града.
Забелешки има и од директорот на Партнерс Албанија, Ариола Аголи, но таа пред се предност дава на важноста на проектот за во иднина. Таа е убедена дека жените претприемачки од двата соседни града Струха и Поградец, ќе успеат во многу сфери бидејќи имаат добра подлога за тоа.
Промотивна брошура имаат и двата погранични града Струга и Охрид. Таа треба да падне во сигурни раце, бидејќи бизнисите на жените претприемачи воглвно се насочени за развој и поддршка на туризмот.
Претприемачките кои учествуваа во проектот, ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и впечатоци од активностите кои беа спроведени, како и да дадат препорака за тоа што недостасува и што може да се подобри за да се обезбеди нивна поголема промоција и соработка со бизнисите од другата страна на границата. На работилницата во Поградец беа доделени сертификати за учесничките на обуките организирани во рамките на проектот.
{loadposition content9}