Женскиот ракомет во струга пред исчезнување
Неизвесна е судбината на најуспешниот струшки спортски клуб.
сала
Ракометарките на ЖРК „ФОН Универзитет“, некогаш добро познат под името „Стружанка“, клуб кој беше втор во Југословенската лига, а денес под закрилата на ФОН универзитетот е највисоко рангиран во супер женската ракометна лига, едвај функционира во катастрофални услови. Директорот на клубот, Д-р Јован Трпеноски кажа дека условите во кои сега работат се ужасни. Илузорна е споредбата со европските клубови и спортските сали во кои тие клубови тренираат. И македонските ракометни клубови кои им доааѓаат во гости згрозени од условите кои ги затекнале во спортската сала.
„На секоја утакмица имаме замерка. На последната имавме и замерка, дека немаме соблекувална, туш и ВЦ. Според мене како доктор, тие простории се извор на зараза“ вели Трпеноски.
Инаку до неодамна ракометарките од овој клуб, тренинзите наместо во сала ги изведуваа на отворен несоодветен простор, без соблекувални и тушеви и беа приморани пред првенството поради немање сала да ги откажуваат пријателските натпревари. Но, сега ситуацијата не е ништо подобра. Очајни хигиенски услови, редуцирано право на користење на салата која пред 30 години е изградена како резултат на успесите на ракометот и љубовта на стружани кон спортот, се она со што секојдневно се борат младите ракометарки. Многу големи ракометари и ракометарки дала Струга и овој клуб.
Трпеноски вели дека тој е еден од оние кои финансиски учествувале во изградбата на спортската сала, дека сами си ја плаќале струјата и ја одржувале салата. Тој апелира до сите надлежни институции, како што е Локалната, Спортскиот сојуз на Струга, и сите останати, да помогнат да се санира Спортската сала и да се подигне квалитетот на најнеопходните услови, за да не ни се случи да згасне уште еден спорт во овој град.
{loadposition content9}