Skip to main content

Високи температури и човечки фактор

Зголемен бројот на пожари во струшко

Противпожарната единица на Струга само во јули имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини. Од противпожарната единица велат зачестените пожари се должат на високите температури и невниманието на жителите.
 |  инфодеск  | 
пожарна Струга

Струшката Противпожарна единица само во месец јули имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини поради палењето на стрништа.

Струга има 40 пожарникари,  четири  опремени противпожарни, кои покриваат терен од над сто илјади жители. Од пожарната велат, зачестените пожари се должат на   високите температури и невниманието на жителите.

„Има овој месец, летно време а ние знаеме кога иде летно време имаме повеќе пожари. По стрништа, по жумски пожари. Отприлика само овој месец досега има петнаесет пожари и тоа шумски пожари и по стрништа”, вели фети Мазар командир на ТППЕ Струга.

Изминатава недела беа спалени седум деловни објекти во центарот на Струга, огнените јазици се гаснеа цели осум  часа. Од противпожарната единица апелираат на поголемо внимание.

„Да не се пали оган, во моментот кога нашата земја се соочува со повисоки температури треба граѓаните да пријавуваат пожари. Не смеат да палат треба да ги почитуваат апелите во секое село и по медиуми ги има. Треба граѓаните да внимаваат на пожарите и шумските пожари”, апелира Мазари.

Противпожарната единица во Струга има сензорен систем за детекрирање на пожари. 24 часовен мониторинг за  брзо откривање и следење на пожарите во непристапни  терени, шумски појаси, во селата  и  во градот.

Новинар Соња Рилковска