Skip to main content

Жените од руралните средини најчесто се жртви на семејно насилство

Жените од руралните средини најчесто се жртви на семејно насилство. За жал, сеуште многу од нив трпат и молчат за тоа. Дека оваа појава е евидентна зборуваат и забелешките на Здружението за еднакви можности „Езерка“ Струга. Од таму сметаат дека надлежните под итно треба да отворат Шелтер центар како би имало простор жртвите на семејно насилство привремено да се сместени на сигурно, како и да биде активирана СОС линија.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Семејното насилство иако е препознатливо, за жал сеуште се крие под пазувите во семејствата посебно во руралните средини. Таму жените не само што не се доволно информирани, туку се срамат и кријат дека трпат секојдневно семејно насилство, открива Александра Лазареска, претседателката на Здружението за еднакви можности „Езерка“ Струга. Таа додава дека изминатиов период биле концентрирани на едукација на жените за семејното насилство, бидејќи сметале дека жртвите сеуште не се доволно информирани што значи семејно насилство и каде се можат да се обратат за помош.

„Имавме случај каде што постара особа ни се обрати за помош за семејно насилство, кое години го трпела од нејзиниот син и снаа. Пред два месеци ни се обрати една жртва…беше млада девојка на 28 годишна возраст која седум години трпела семејно насилство од страна на својот сопруг и физичко и семејно насилство ..девојката ни дојде со психичко растројство избркана од дома не знаеше каде да се обрати

Лазареска смета дека со отворање на шелтер центар на територија на Струга, Охрид и Дебар би можел да се ублажи проблемот со семејното насилство.

„Во Струга се залагаме да се отвори Шелтер центар за жртви барем привремено додека не се реши случајот да се згрижат, но од општината добиваме информации како и секоја година дека немаат слободни простории но доколку добијат ќе ни отстапат простор. Но моментално немале ни финансии ни простор а потребен е многу

Лазареска вели дека нивните активности се во насока едукативно и превентивно да делуваат, како и тоа да ја насочат жртвата кон надлежните институции како што е тоа полиција, Центарот за социјални грижи. Од 25 ноември до 10 декември тие ги одбележале и деновите за борба против семејно насилство и во многу градски и рурални средини одржале предавања, трибини а бил доделен и едукативен материјал. Лазареска вели дека во очекување се на ратификација на Конвенцијата за заштита на жените од семејно насилство која била потпишана упте во 2011 година. Исто така чекаат да проработи СОС линијата за која уште од минатат година поднеле барање до општината, од каде им ветиле дека во 2016 год ќе се одделат средства од општинскиот буџет, но тоа ветување до ден денес не е исполнето.