Skip to main content

Свр билтен

Жител на Албанија извршил тешка кражба во Струга

Кривична пријава за жител на Албанија кој насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети.
 |  инфодеск  | 
Крадец

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(29) од Пеќин, Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторени 2 кривични дела „тешка кражба”.

Тој на 09.02.2023, кога илегално престојувал во Струга, со подесен алат и физичка сила, насилно влегол во две куќи во Струга од каде противправно одзел накит и други предмети – информираат од СВР Охрид.