Skip to main content

Свр билтен

Жител на Ливада осомничен дека усмртил 7 кучиња скитници

Жител на струшко Ливада се сомничи дека на улица „Владо Малески” во Струга со ловечка пушка сачмарка усмртил седум кучиња скитници.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 10.01.2023 во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга,  извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.

Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот на улица „Владо Малески” во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.