Skip to main content

Кривична пријава

Жител на Подгорци вршел јавен превоз без лиценца

19-годишен жител на селото Подгорци, струшко доби кривична пријава поради вршење јавен превоз без лиценца.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с. Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с. Подгорци, сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца – информираат од МВР.