Skip to main content

Кривична пријава

Жител на Радолишта фатен со марихуана

Кривична пријава за 29-годишен жител на с. Радолишта кај кого при полициска контрола на крстосница за с. Добовјани, пронајдена е марихуана.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(29) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 27.11.2022 на регионалниот пат Струга – Дебар, на крстосница за с. Добовјани, при контрола на лица и возила, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.