Skip to main content

Изложба

Животот во струшка Малесија низ фотографии

Животот во струшка Малесија пред еден век, прикажан преку изложба на фотографии. Некогаш живи села со над 1000 жители денес целосно раселени и пусти. Целта на изложбата во организација на Центарот за култура Струга е да се овековечи културата и традицијата на селата во изумирање.
 |  инфодеск  | 
Изложба Малесија

Низ изложба на фотографии овековечени животот, културата и традицијата на селата во струшка Малесија. Некогаш живи села со над 1000 жители, денес целосно раселени и напуштени.

Изложба Малесија

Фотографиите стари повеќе еден век сведочат за селскиот живот, славите, дружбите, чешмите, изворите, печалбарството, живописната природа. Седумте села на Караорман: Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Буринец, Селци и Глобочица имаат долга и богата историја и етнологија.

Малесија ги преживува најтешките денови досега. Областа почна да се празни после Втората Светска војна. После тоа многу малесиски села останаа празни. Денес во Малесија скоро да не живее ниеден жител. Можеби може да се избројат неколкумина само на едната рака – вели Љупчо Паункоски, организатор на изложбата.

Љупчо Паункоски

За овој регион изработени се три документарни филмови. Целта е да се сочува од заборав богатото културно наследство во малесиските села.

Сакавме да ги потсетиме некогашни жители и нивните фамилии кои денес живеат во Струга и надвор од нашите граници, да ги потсетиме на животот на нивните претци на сето она што некогаш се случувало во нашата Малесија – вели Николина Велкоска, директор на центарот за култура Струга.

Николина Велкоска

Малесија дала многу славни револуционери, писатели, уметници.

Истакнатиот македонски пијанист Симон Трпчески, кој е по потекло од овој регион на 27 август се очекува да одржи концерт во селото Збажди.

Изложба Малесија
Изложба Малесија
Изложба Малесија
Изложба Малесија

Новинар : Соња Рилковска