Skip to main content

Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија на 22-ри Април (среда) во 13 часот одржува бизнис презентација на Меѓународниот Универзитет во Струга во рамките на проектот „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија на 22-ри Април (среда) во 13 часот одржува бизнис презентација на Меѓународниот Универзитет во Струга во рамките на проектот „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.

cefeЦелта на проектот е преку информативни и практични пораки да се придонесе кон превенција на одливот на таленти од државата и да се поттикнат младите на претприемнички активности. На следниот линк може да погледнете повеќе информации: http://cefe.mk/Investiraj/ Истиот е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола.

Целта на оваа презентација е да се промовираат 9 едукативни видеа за претприемаштвото снимени во рамките на проектот, во кои говорат лица од различни сектори (бизнис, јавен, образовен, граѓански) за можностите и поддршката на младите претприемачи во Македонија и за развој на претприемништвото, споделувајќи иновативни идеи и одлични пораки. Овие видеа во текот на Април се промовираат низ 6 различни градови во Македонија, меѓу кои и Струга. Исто така на средбата ќе се дискутира за изворите на поддршка кои во моментов им се на располагање на младите претприемачи, начините како да се поттикнат што повеќе млади лица иднината да ја гледаат во претприемаштвото и како Универзитетите придонесуваат за поттикнување и развивање на претприемачкиот дух кај студентите. Присутни ќе бидат над 70-ина студенти.

{loadposition content9}