Жута го бара ветеното
Ади Жута од Велешта, шест месеци чека обештетување од Владата, за да може да го рестартира својот бизнис.
Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен.
„Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам и да почнам да работам како некогаш“, вели Жута.
Тој не се откажува од својот семеен бизнис, кој го изгубил за смо дваесет минути. Тој секој ден го поминува во шталата која наново ја подига со помош на средства од негови блиски луѓе, но таа е пуста. Има само едно говедо кое се спасило од пламените јазици, за кое лично тој како ветеринар се грижи. Жута вели: „Од тој ден загубата беше голема зошто закопувањето пред инспекциските служби ги направив јас, затоа што тука беа 45 грла. И од тогаш до сега јас ги реализирам давачките кон државата плати, персонален данок и се друго, јас сум на нула и чекам да продолжам, само давам а никако да земам повеќе неможам вака да издржам“.
Фармерот Жута беше најголем производител на млеко во југозападниот регион. Како се тоа изчезна за миг тој сеуште чека одговор од СВР Охрид. Она што нему му е познато, е дека надлежните сеуште трагаат по сторителите на оваа катастрофа и единствено од нивна страна го имал само записникот, со кој се утврдува нанесената штета. Жута испратил барање до Владата на РМ за надомест на штета, кое пак барање Владата го доставила на разгледување до МЗШВ. Во меѓувреме Жута се надева дека надлежните ќе покажат повеќе интерес и ќе му помогнат да го рестартира својот бизнис.
Инаку пожарот во струшкото село Добовјани се случи на 15 ти септември минатата година. Покрај 37-те крави и петте телиња, пожарот уништил и еден агрегат, затворен систем за производство на млеко, илјадници бали сено и јонџа, три тони сточно брашно, систем за пиење вода и апарати за чување храна.
{loadposition content9}