Skip to main content

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски- Тетоец”

Вечерва ќе се одржи Новогодишниот концерт на СМУ „Тодор Скаловски- Тетоец”
 |  инфодеск  | 

Вечерва во 19 часот во хотел Дрим во Струга ќе се одржи Новогодишен концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски- Тетоец”, дисперзирани паралелки Струга.

На програмата се композиции од : Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус Помладиот, Штраус Постариот во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба.

Влезот е слободен.