Skip to main content

Во Струга е неопходна изградба на социјални станови

Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор сака да гради социјална зграда во Струга, но за тоа не добива зелено светло од градоначалникот Зијадин Села. Директорот на Агенцијата објаснува дека во интерес на самиот град е да се изгради ваква социјална зграда бидејќи голем дел од социјалните случаи кои немаат решено стамбено прашање на тој начин ќе се решат.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

Во Струга е неопходна изградба на социјални станови. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови од ден на ден расте. Од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор велат дека тие уште пред неколку години сакале да започнат со изградба на социјална зграда. Дури била позната и локацијата каде требало да се гради. Тоа е на патот за Ќафасан, наспроти Бау Центарот Набизи. Но, сето останало само на идеја бидејќи не наишле на заеднички јазик со градоначалникот на Струга, Зијадин Села.


Комуникацијата со градоначалникот ни е на ниско ниво. Без негова согласност ние ништо не можеме. Не можеме да градиме социјални станови бидејќи тој тука можеби сака да зацрта комерцијална зграда, вели Грозданов-директор на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор
Грозданов објаснува декаво интерес на самиот градоначалник и на градот е да се изгради ваква социјална зграда бидејќи голем дел од социјалните случаи кои немаат решено стамбено прашање на тој начин ќе се решат. Директорот на агенцијата кажува дека во некои општини градоначалниците дури ги ослободуваат и од плаќање комуналии се со цел што побрзо да се изградат вакви објекти наменети за ранливите категории на граѓани.

Ние не можеме да градиме на диво. Сето тоа треба да биде во согласност со ДУП-от на градот, треба да имаме маркица за локацијата на кој треба да градиме, а сето тоа треба да се направи во корелација со Локалната. Ние сме подготвени да се договориме околу габаритот на зградата и нејзината висина, но немаме комуникација со струшкиот градоначалник, кажува Села.

Инаку Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор до средината на наредниот месец треба да стави камен темелник на социјална зграда во Гостивар, се прават подготовки на документацијата за изградба на социјална зграда во Тетово и во Македонски брод, а во Прилеп 79 станови ќе се дадат во употреба.

{loadposition content9}