СВР Охрид
Жител на Враништа пријавен за неовластена изградба на бетонска ограда на државен имот
Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик. Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.


