СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35 и 33 годишно лице, двајцата од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
– На 18-ти мај 2025 година, преку апликација на социјална мрежа, пријавените упатиле закани кон 42 годишен пратеник од Струга, пратеник во Собранието на Република Македонија, информираат од МВР.