Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“.
– На 27 октомври 2025 година, полициски службеници го затекнале пријавениот со повеќе лица при незаконит риболов на Црн Дрим, при што тој физички нападнал еден полициски службеник, информираат од СВР Охрид.