Skip to main content

СВР Охрид

Кривична пријава за пустошење шуми против две лица од Делогожда

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 и 31-годишно лице од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“ по член 226 од Кривичниот законик. На 29.12.2025, при контрола во атар на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при неовластена сеча на дрва, од кои дел биле натоварени во возило „нисан терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а пријавените веднаш беа лишени од слобода.