Skip to main content

Мал број стари куќи во Струга останаа да бидат заштитени

Голем дел од архитектонските градби во Струга заштитени со закон ги изгубиле споменичните својства и не ги исполнуваат условите со кои биле прогласени за вредно културно наследство. Но дел од нив постојат и влегуваат во Владината програма за санација на покривите и фасадите, открива директорката на Завод и Музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска.

 |  Биљана Николовска  | 

 

До крај на годинава треба да бидат готови елаборатите за валоризација и ревалозризација на старите струшки куќи, кои треба да бидат под зашита. Директорката на НУ „Завод и Музеј“, Охрид, Тања Паскали Бунташеска открива дека има повеќе објекти во Струга кои веќе не постојат, односно ги изгубиле својствата како заштитнички споменички добра. Додава дека голем број од нив биле отпишани, бидејќи објектите не постоеле односно биле срушени. Тоа било последица на законските измени со кои на институциите од областа на заштитата на културното наследство од 1999 до 2005 година им биле одземени одредени ингеренции. Но, во Струга  сеуште има останато куќи кои се под заштита, информира Бунташеска.

„Меѓу тие објекти е куќата на Коџоман, на Владо Малески, На фамилијата Несторови, значи тоа се стари објекти кои што се под заштита и на кои ќе им бидат санирани  крововите и фасадите. Во текот на оваа и минатата година извршивме конзервација на џамијата во Струга, онаа џамија која што пред две години беше срушена, еден нејзин дел, ние ја ставивме под заштиата и го спречивме понатамошнот рушење и со пари кои ги добивме од ТИКА турска асоцијација за подршка и развој на проекти во РМ извршивме комплетна конзервација и санација на објектот“.- вели Тања Паскали Бунташеска – директор на НУ „Завод и Музеј“, Охрид.

Во план за конзервација и санација и е струшкиот безистен, односно амамот, информира Бунташеска. Додава дека чекаат општина Струга да ги реши имотно правните односи.

„Има узурпиран простор од страна на поединци во Амамот и ние не сме во можност да изработиме проект да извршиме мерење на објектот за да направиме проект, кој ќе биде финансиран од ТИКА. Се чекаат погодни услови да почнеме со негова реализација“– додава Бунташеска Паскали.

Во врска со проблематиката околу нерешните имотно правни односи со амамот, директорката Бунташеска рече дека одржала неколку состаноци и со претходното но и со сегашното раководство на градската власт. Засега немало никаков одговор од нивна страна за да може да пристапат кон изработка на проект и да се отпочне со негова реализација.

{loadposition content9}