Нема миење на возила на јавни места
Реката Црм Дрим и струшките плажи ќе бидат забранети зони за извршување на ваквите активности.
За спречување на ваквите појави, инспекторите за заштита на животната средина низ градот ќе постават табли, со кои ќе се предупредуваат граѓаните да не ги мијат автомобилите на јавни места, ниту пак да ја перат покуќнина на истите. Таблите веќе се во изработка, се очекува да се постават за 10-тина дена.
„Таблите освен во градот, ќе им бидат поставени и по селата. Ќе им дадеме и на претседателите на месните заедници на селата кои се во близина на езерото и реките. И таму ќе внимавеме да се почитува законот“-вели Митко Кортукоски, инспектор за заштита на животната средина.
Освен што ќе бидат поставени информативните табли, инспекторите најавија дека постојано ќе патролираат во градот. Доколу се затекнат граѓани кои не се придржуваат на законската обврска ќе им бидат изречени парични казни, информира инспекторот. Согласно законот за јавна чистота и оној за заштита на животната средина, глобата ќе изнесува од 45 евра нагоре. Акцијата ќе биде поинтензивна за време на летниот период.
{loadposition content9}