Skip to main content

Одделение за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и ОВР Струга

Полицијата запленила нелегални 16 кубици огревно дрво во атарот на с. Вишни

По насоки на јавен обвинител, дрвата се одземени и предадени на Шумската полиција.
 |  инфодеск  | 
кубирани дрва


МВР информира дека на 12.10.2023, при контроли во атарот на струшкото село Вишни, извршени од полициски службеници од Одделението за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и од ОВР Струга запрено е товарно возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од 34 годишен жител од струшкото село Радолишта, во кое сопатник било 56 годишно лице од Вевчани, вработено во Шумското стопанство „Јабланица” од Струга.

Притоа, било констатирано дека во возилото нелегално се превезуваат 16 метри кубни огревно дрво, кое заедно со други предмети, по насоки на јавен обвинител, се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.