МВР
При претрес во Велешта пронајден пиштол
По целосно документирање на случајот против лицето кај кое било пронајдено оружјето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с. Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 36 годишно лице од с. Велешта.
„При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм“- информираат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: илустрација


