Skip to main content

општина вевчани

„Симфонија на луѓе и машини“: Несекојдневен музички спектакл во Вевчани

Концертот „Симфонија на луѓе и машини“ е дел од културната манифестација „Вевчанско лето“ со кој се прославува јубилејот 30 години Општина Вевчани.
 |  инфодеск  | 

Утре вечер, во Амфитеатарот во Вевчани со почеток во 19:30 часот ќе се одржи несекојдневна музичка приказна што ги спојува традицијата, современата музика и вештачката интелигенција.

На концертот насловен „Симфонија на луѓе и машини“ ќе настапат: Недељка Ложаик – Белград, Адријана Филиповиќ – Белград, Миодраг Кастратовиќ – Белград, Бање Ексер – Белград,  Небојша Бркиќ – Нови Сад, Драган Пеиќ – Бања Лука, Александар Најдов – Велес.

Посебен дел од концертот ќе биде посветен на влијанието и можностите на вештачката интелигенција во музиката, со учество на Борислав Агапиев, Драган Раденовиќ и Петар Кочовиќ.

-Ве очекуваме на вечер на музика, луѓе и нови технологии!, порачува градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.