Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата.
Иранската влада прогласи 40-дневна национална жалост. Во соопштението, пренесено од агенцијата Тасним, Хамнеи е опишан како „мачeник во американско-израелските терористички напади“. Во текстот се нагласува дека тој повеќе од 37 години го водел Иран и „го носел знамето на Исламскиот фронт со храброст и вера“.
Според иранските медиуми, вооружените сили на Иран возвратиле со масовни ракетни и дронски напади кон цели во Израел и кон американски бази поврзани со Соединетите Американски Држави во регионот на Блискиот Исток.