Skip to main content

Се запали главната сцена на Tomorrowland во Белгија

И покрај штетата кампот ќе се отвори денес како што беше претходно планирано.
 |  инфодеск  | 

Вчера вечер на главната сцена на еден од најпознатите музички фестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, избувна голем пожар. На местото на пожарот биле неколку вработени за да помогнат во поставувањето на опремата, но за среќа нема повредени.

Tomorrowland, кој привлекува повеќе од 400.000 посетители и на кој учествуваат некои од најголемите имиња во електронската музика, е закажан да се одржи два викенда по ред, почнувајќи од утре. Дејвид Гета, Сведиш Хаус Мафија и Стив Аоки требаше да настапат на главната сцена.

И покрај штетата, организаторите изјавија дека кампот ќе се отвори денес како што беше планирано, додавајќи дека се „фокусирани на наоѓање решенија“ за да се осигурат дека фестивалот ќе продолжи.