Skip to main content

Чешка во шок и тага по масовното убиство на универзитетот во Прага

15 мОва е едно од најтешките масовни престрелки во поновата историја на Чешка и Европа.
 |  инфодеск  | 

Чешка е во шок и тага поради масовното убиство на универзитетот во главниот град Прага. Напаѓачот убил 14, а ранил 25 лица, а полицијата сега го истражува мотивот за ова злосторство. Полицијата потврди дека напаѓачот е убиен по пукањето во универзитетската зграда во центарот на чешката престолнина. Идентитетот на жртвите и напаѓачите се уште не е соопштен.

Засега се знае дека напаѓачот бил 24-годишен студент, кој живеел во село во близина на Прага, а неговиот татко бил пронајден мртов претходно во текот на денот. Полицијата наведува дека тој немал криминално досие, иако кај него бил пронајден „огромен арсенал оружје и муниција“. Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот е Дејвид Козак.

Ова е едно од најтешките масовни престрелки во поновата историја на Чешка и Европа. Надлежните сметаат дека напаѓачот најверојатно бил мотивиран од слични масакри што се случиле во странство, но мотивите за пукањето се уште не се познати. Полицијата соопшти дека напаѓачот е осомничен за убиство на млад човек и неговата двомесечна ќерка кои на 15 декември беа пронајдени мртви во шума на периферијата на Прага. Во четвртокот, пред пукањето, полицијата добила дојава дека се верува дека осомничениот од блискиот град се упатил кон Прага со намера да се самоубие. Зградата на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Палах во центарот на Прага беше делумно евакуирана во четвртокот. На вработените во универзитетот претходно им беше кажано да се забарикадираат во просториите и да ги изгаснат светлата, пренесува Ројтерс. Вооружениот напаѓач отвори оган во ходниците и училниците на зградата, очигледно убивајќи по случаен избор.

„Масовното убиство не е поврзано со меѓународниот тероризам“, рече Вит Ракусан, чешкиот министер за внатрешни работи.

Петр Павел, претседателот на земјата, изрази „голема тага“ и „беспомошен гнев поради целосно непотребното“ губење на животот.

„Сите сме шокирани од овој страшен чин. Тешко е да се најдат зборови за да се искаже осудата, но и болката и тагата што ги чувствува целото наше општество деновиве пред Божиќ“, напиша премиерот на Чешка, Петр Фијала.

Сабота е прогласена за ден на жалост во Чешка.

Масовното пукање на Универзитетот Карл е најсмртоносното злосторство откако Чешка стана независна држава пред 30 години. Пред четири години, чешката влада неуспешно се обиде да ја поништи забраната за приватна употреба на полуавтоматско оружје, што беше воведена од ЕУ по терористичките напади низ Европа.