25 загинати и стотина мртви во експлозијата во Мексико
Најмалку 25 лица загинаа и 101 се повреедени во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“.
Најмалку 25 лица загинаа и 101 се повреедени во вчерашната експлозија во седиштето на мексиканската државна нафтена компанија „Петролеос Мехиканос“ („Пемекс“) во главниот град Мексико, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на властите.
Министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг на прес конференција соопшти дека е потврдена смртта на 17 жени и 8 мажи.
Причината за експлозијата се уште не е утврдена.
Експлозијата се случила на еден од пониските катови од административна зграда во непосредна близина на 51-катната кула на „Пемекс“.
Според експерти, можно е во моментот на експлозијата во седиштето на компанијата да имало над 3.500 лица. Многу вработени не биле внатре бидејќи експлозијата се случила во време на одморот за ручек.
Спасувачките работи се прекратени заради необјавени причини.
{loadposition content9}