Најмалку 26 жртви во експлозијта во Украина
Најмалку 26 лица загинаа во силната експлозија која делумно урна четирикатна станбена зграда на полуостровот Крим во Украина, соопшти утринава украинското Министерство за вонредни ситуации.
| Крсте Голабовски | Свет
Крим
Најмалку 26 лица загинаа во силната експлозија која делумно урна четирикатна станбена зграда на полуостровот Крим во Украина, соопшти утринава украинското Министерство за вонредни ситуации.
Според најновиот биланс, загинале 26 луѓе, додека 21 биле спасени од спасувачките екипи“, изјави претставник на Министерството.
Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на експлозијата во црноморскиот пристаништен град Евпаторија.
Местото на несреќата , вчера, заедно го посетија премиерката Јулија Тимошенко и претседателот Виктор Јушченко.
Причината за експлозијата засега не е позната, но неофицијално, можно е во зградата да имало боца со кислород или ацетилен.
Украина денеска прогласи ден на жалост.

{loadposition content9}