3 000 знамиња во спомен на жтрвите од 9/11
Претседателот Обама ќе ја одбележи годишнината на меморијална служба во Пентагон, каде што во 2008. година беше подигнат споменик на жртвите.
И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк и Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.
Според најновиот извештај за состојбата за безбедноста, изнесен на неодамна одржаната панел дискусија на која присуствувале голем број американски експерти, најголемиот дел на извештајот бил посветен на улогата на американските државјани поврзани со Ал-Каеда и со сродните терористички организации во светот.
Во извештајот стои и фактот дека во земјата се наоѓаат сè поголем број на терористи и припадници на милитантните исламистички организации кои не припаѓаат ниту на една етничка или верска заедница и не се вклопуваат во ниту еден познат социјален или економски профил, поради што е тешко да се лоцираат и откријат.
САД како што наведуваат експертите, се соочени со раширена мрежа на потенцијални терористи способни за сите видови на напади, поставување на автомобилски бомби, симултани напади на бомбаши самоубијци, поединечни пресметки со огнено оружје или кражби на авиони, но нивните методи не се ни приближно софистицирани во споредба со нападот од 2001 година.
{loadposition content9}