Skip to main content

Над 720 илјади тони жито

33 товарни бродови ја напуштија Украина

Украинското министерство за земјоделство соопшти дека 33 товарни бродови со над 720 000 тони жито ги напуштија пристаништата во Украина.
 |  инфодеск  | 
Жито Украина

Вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштија Украина според договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на Обединетите нации и Турција ги деблокираше украинските поморски пристаништа, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.

Според Заедничкиот координативен центар во Турција, кој го следи спроведувањето на договорот, од трите украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони жито и прехранбени производи од постигнувањето на договорот, пренесува Ројтерс.

Во Истанбул, со посредство на ОН, на 22 јули беше потпишан договор со кој стави крај на повеќемесечната блокада на Црното Море од руски воени бродови и украински морски мини.

Украинскиот извоз на жито е намален од почетокот на војната поради затворањето на нејзините пристаништа на Црното Море, клучен бродски канал, што ги поттикна глобалните цени на храната и ги зголеми стравувањата од недостиг во Африка и на Блискиот Исток, наведува Ројтерс.