Skip to main content

Национална здравствена комисија

4-годишно дете заразено со птичји грип во Кина

Во Кина е пријавен прв случај на птичји грип кај луѓе. Од националната здравствена комисија информираа дека е заразено четиригодишно дете.
 |  инфодеск  | 
Птичји грип

Кина ја регистрира првата инфекција кај луѓе со сојот на птичји грип H3N8, соопштија во вторникот здравствените власти во земјата, но рекоа дека ризикот од негово ширење меѓу луѓето е мал.

Утврдено е дека четиригодишното момче од централната провинција Хенан е заразено со оваа варијанта, откако на 5-ти април добило треска и други симптоми.

Ниту еден близок контакт не е заразен со вирусот, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија.

Како што истакнуваат, детето било во контакт со кокошки и врани кои биле одгледувани во неговата куќа, пренесува Ројтерс.

Варијантата H3N8 претходно беше откриена на други места во светот кај коњи, кучиња, птици и фоки, но не се пријавени случаи на H3N8 кај луѓе, соопшти NHC.

Комисијата соопшти дека првичната проценка утврдила дека варијантата сè уште нема способност ефективно да зарази луѓе, а ризикот од епидемија од големи размери е низок.

Многу различни видови на птичји грип се присутни во Кина, а некои спорадично ги инфицираат луѓето, обично оние кои работат со живина. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човек на вирусот H10N3.