Најмалку четворица загинале при оружена престрелка во болницата во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Оттаму потврдија дека во престрелката загинал и вооружениот напаѓач. При престрелката ранети се уште десетина други.
Засега има потврдени информации за четири загинати цивили, а воедно и напаѓачот е мртов – изјави заменикот шеф на полицијата Ерик Далгиш.
Тој додаде дека напаѓачот кој сеуште не е идентификуван, најверојатно самиот се самоубил. Напаѓачот при нападот користел пушка и пиштол.
Засега нема информации за можниот мотив за нападот.
Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата и им ја понудила сета потребна помош на локалните власти.
Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.