Skip to main content

Оружен напад

4 лица убиени во Оклахома

Маж вооружен со пушка и пиштол убил четири лица во медицинска установа во Тулса, Оклахома, по што се самоубил.
 |  инфодеск  | 
Напад Оклахома

Најмалку четворица загинале при оружена престрелка во болницата во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Оттаму потврдија дека во престрелката загинал и вооружениот напаѓач. При престрелката ранети се уште десетина други.

Засега има потврдени информации за четири загинати цивили, а воедно и напаѓачот е мртов – изјави заменикот шеф на полицијата Ерик Далгиш.

Тој додаде дека напаѓачот кој сеуште не е идентификуван, најверојатно самиот се самоубил. Напаѓачот при нападот користел пушка и пиштол.

Засега нема информации за можниот мотив за нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукањето, соопшти Белата куќа, додавајќи дека внимателно ја следат ситуацијата и им ја понудила сета потребна помош на локалните власти.

Престрелката доаѓа нешто повеќе од една недела по масакрот во училиштето во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.