Канадската влада донела решение да премести околу 40 шумски бизони од регионот северна Алберта на Алјаска. Целта е да се формираат доволни доволни крда од овие животни и да се осигура долгорочен опстанок на оваа најголемо копнено животно во Северна Америка.
Шумскиот бизон во Канада има статус на заштитен вид уште од 2003 година, а бројот на грлата и натаму е во пад, па се заканува изумирање доколку не биде преземено нешто за заштита на животните.
Во текот на раниот XIX век бројот шумски бизони, кои се поголеми од рамничарските бизони, се проценувал на околу 168.00 во областа на северозападна Канада и во внатрешноста на Алјаска, но веќе на крајот од истиот век преостанале само неколку стотини.
На Алјаска во 2015 година е започнат проект за обновување на популацијата на шумските бизони во дивина. Се проценува дека моменталниот број примероци од овој вид во западна Алјаска е поголем од 100 единики.
Освен во Алберта, шумскиот бизон може да се забележи и во Британска Колумбија, Јукон и во Северозападната територија.