Skip to main content

7,2 по Рихтер го стресе Чиле

Неколку лица се полесно повредени, во силниот земјотрес, кој со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле.

 |  Голабовски Крсте  | 
karta
карта

Неколку лица се полесно повредени, во силниот земјотрес, кој со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле.

CileВладата на оваа земја, веднаш по земјотресот, најпрвин наредила евакуација на дел од населението кое живее најблиску до брегот, поради можност од цунами, но набргу го повлекла предупредувањето.

Епицентарот на потресот, со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, бил на 100 километри од градот Талца, кој се наоѓа во средишниот дел на Чиле, на длабочина од 10 километри.

Пред две години истиот регион беше погоден од земјотрес со магнитуда од 8 степени, во кој загинаа 500 луѓе. Овој пат земјотресот предизвика материјална штета, а биле повредени само неколку лица, но потресот предизвикал паника меѓу населението.

{loadposition content9}