Skip to main content

70 години од почетокот на Втората светска војна

Седумдесет години се навршуваат денеска од почетокот на Втората светска војна, на која претходеа редица судбоносни случувања, вклучувајќи вооружени конфликти во Европа, Африка и Азија.

 |  Крсте Голабовски  | 
Vtora svetska vojna
Втора светска војна

Седумдесет години се навршуваат денеска од почетокот на Втората светска војна, на која претходеа редица судбоносни случувања, вклучувајќи вооружени конфликти во Европа, Африка и Азија.

Vtora svetska vojnaКомеморативната церемонија по повод одбележувањето седум децении од почетокот на Војната ќе се одржи во полскиот град Гдањск, во присуство на голем број претседатели на држави и влади.

Присуството го потврдија претседателот на Русија Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, францускиот премиер Франсоа Фијон, како и премиерите на Шведска Холандија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија и на други држави.

По повод годишнината од почетокот на Втората светска војна, која однесе повеќе од 60 милиони животи, македонската Влада изрази „огромна почит кон сите жртви и кон борците од Народноослободителната војна кои застанаа на браникот на Татковината и со своето дело ги зацврстија темелите на слободна, независна и самостојна држава Република Македонија“.

.Европската фаза на Војната заврши со безусловна капитулација на Германија во мај 1945, а азиската, со капитулација на Јапонија на почетокот на август истата година. Неколку дена порано, САД фрлија атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, што беше прва употреба на нуклеарно оружје во светот.

{loadposition content9}