Skip to main content

академија за филмска уметност

94-то доделување на Оскари

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.
 |  инфодеск  | 
доделување оскари

Во недела, 27 март, ќе се одржи 94-то доделување на Оскарите. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

доделување оскари

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џиленхол, Шон Мендез и многу други.

Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

Преносот на МРТ ќе започне 30 минути по полноќ, во ноќта недела кон понеделник со Црвената патека.

94-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.