Skip to main content

Аеродромот во Минхен привремено затворен, забележани беспилотни летала 

Минатата вечер сите летовите од аеродромот во Минхен биле суспендирани два часа порано од вообичаениот ноќен прекин од полноќ до пет часот.
 |  инфодеск  | 

Аеродромот во Минхен утрово е отворен откако минатата вечер беше затворен поради неидентификувани дронови во воздушниот соопбраќај, што доведе до откажување на повеќе од 15 летови.

Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното.

Прекинот во Минхен следи по неодамнешни инциденти со дронови низ Европа, кои предизвикаа привремени затворања и големи пренасочувања на аеродромите, вклучувајќи ги Копенхаген и Осло, и ги поттикнаа властите да предупредат на софистицирани оператори и пошироки безбедносни импликации.