Ајк го ослободи својот гнев врз Тексас
Ураганот Ајк синоќа ги нанесе првите удари по брегот на американската држава Тексас.
| Крсте Голабовски | Свет
Ураганот Ајк синоќа ги нанесе првите удари по брегот на американската држава Тексас.
Локалните власти предупредија еден милион луѓе кои живаат во ниските места на брегот на Мексиканскиот Залив веднаш да се евакуираат, а 60 лица мораа да бидат евакуирани со хеликоптери затоа што ги зафати поплава. Локалните власти во три области соопштија дека 90.000 лица одбиле да ги напуштат своите домови и покрај предупредувањата дека можат да загинат.
Со дијаметар од околу 1.000 километри, Ајк се смета за најголемиот ураган во историјата. Додека беше во море тој беше од втора категорија, но откако навлезе на копно ќе стане од трета категорија со ветрови кои дуваат со брзина од најмалку 180 километри на час.
Метеоролозите предупредуваат дека најголемата опасност се поплавите и брановите со височина од шест до осум метри кои се создаваат во близина на брегот.
Окото на гигантскиот ураган Ајк стигна до брегот на јужната американска држава Тексас денеска околу седум часот и 30 минути по Гринич, соопшти американскиот национален центар за следење на урагани.
Ајк навлезе на копно кај градот Галвестон, на 30 километри јужно од Хјустон.